|
ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Државните
хартии од вредност (ДХВ) се
безризични хартии од вредност кои
во име на Владата на РМ ги издава
Министерството за финансии на РМ.
ДХВ се продаваат преку аукции кои
се организирани преку Агентот на
Министерството за Финансии, а тоа
е Народната Банка на Република
Македонија. На аукциите директно
можат да учествуваат само
овластените директни учесници (сите
банки во РМ), а останатите
заинтересирани резиденти и
нерезиденти можат да учествуваат
индиректно, односно, преку
банките. (Листата на банките е
достапна преку делот за
провизиите за купување на државни
записи и државни обврзници).
Номиналната вредност на една ДХВ
е 10.000,00 денари, а каматната стапка
се одредува пазарно, во зависност
од понудата и побарувачката.
Државните записи се издаваат и
исплатуваат по номинална
вредност, а се уплатуваат по
дисконтирана вредност. Државните
обврзници се издаваат,
исплатуваат и уплатуваат по
номинална вредност, а на нив се
плаќа купонска камата.
Подетални информации за државните хартии од вредност можете да најдете
на WEB страната на
Министерството за финансии на РМ.
|