прва страна мапа на сајтот english

 
За ЦДХВ

Закони

Прописи

Одлуки

Хартии од вредност

Пребарување

Статистика

Документи и обрасци

Друштва со посебни обврски

Членки

Корисни информации

Adobe Reader

ОБВРЗНИЦИ ЗА  ДЕПОНИРАНИ ДЕВИЗНИ ВЛОГОВИ


Со цел да се исплатат депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија донесен е Законот, koj е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 32 од 2000 година и стапи во сила на 21 април 2000 година. Законот го определува начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија.

Со законот е регулирано утврдување на состојбата на сите штедни влогови заедно со каматата заклучно со 30.04.2000 година, конверзија на сите штедни влогови во валута Евро (€) со примена на курсната листа на Народна банка на Република Македонија од 30 април 2000 година, исплата во целост на сите влогови до 50 € и 3% од влогот за влоговите поголеми од 50 €, начинот на кој преостанатиот влог се трансформира во обврзница, известувањето на сопствениците, исплатите на рати и камати по обврзниците, тргувањето и преносот на сопственост на обврзниците, намените за кои може да се користат и друго. 

Издавач на обврзницата е Република Македонија и истата е со рок на доспевање од 10 години и камата од 2% на годишно ниво. Отплатата се врши преку 20 полугодишни рати со што првата рата доспева за отплата на 01.04.2002. 

Тргувањето со обврзниците, согласно Законот може да се одвива единствено на Македонската Берза на долгорочни хартии од вредност. 

Обврзницата може да се користи и за плаќања наведени во членот 17 од Законот.

 


ЦДХВ АД Скопје е член на Европската Асоцијација на централните депозитари за хартии од вредност http://ecsda.eu.


ЦДХВ АД Скопје е член на Асоцијацијата на Национални нумерички агенции ANNA www.anna-web.com и на Федерацијата на Евроазиски берзи FEAS www.feas.org.


ЦДХВ A.Д. Скопје е објавен на листата од 122 депозитари од 94 земји на страната на Асоцијација на глобални покровители www.theagc.com.


 

 

 


Авторски права © 2008 ЦДХВ