|
ИСТОРИЈА - ЦДХВ
Согласно со Законот за хартии од вредност,
член
172,
Владата на Република Македонија,
со Одлуката бр.
07 – 167 / 1 од 20.02.2001 година,
го овласти Заводот за платен промет да ги преземе сите
неопходни мерки и активности за имплементација на Централен
Депозитар за хартии од вредност.
Целта на ЦДХВ е воспоставување на централен регистар за
хартии од вредност, кој ќе ги опфати сите активни акции и
обврзници во Република Македонија.
Ова ќе резултира со подобар пристап и дистрибуција на
информациите за издавачите и хартиите од вредност и тоа за
:
-
Имателите на хартии од вредност
-
Странските инвеститори
-
Трети лица (иматели на ограничени права)
-
Издавачи
-
Брокери
-
Македонска Берза за долгорочни хартии од вредност
-
Заложниот регистар
-
Други овластени институции согласно законот.
На крајот на Ноември
2001
година, започна процесот на конвертирање на постоечките акции
во дематеријализирани акции,
регистрирани на сметките за хартии од вредност за секој имател
на ХВ. Основата за ваквата конверзија е акционерската
книга за секое акционерско друштво.
По дематеријализацијата на постоечките хартии од вредност,
регистарот за хартии од вредност на ЦДХВ е единствената
валидна евиденција за издавање и сопственост на хартии од
вредност.
Правата и обврските за хартиите од вредност започнуваат од
моментот кога тие се регистрирани во ЦДХВ.
Исто така, ЦДХВ е одговорен за порамнување на тргувањата
склучени на Македонската Берза за хартии од вредност АД
Скопје. Со ова се обезбедува сигурно порамнување,
кое се базира на принципот Испорака наспроти плаќање помеѓу
купувачите и продавачите на хартии од вредност.
Дематеријализацијата и централната регистрација на сите
хартии од вредност во Македонија ја зголемува заштитата на
правата на инвеститорите и ја подобрува довербата во
Македонскиот финансиски пазар.
|